И фабриките-дивоградби да се легализираат

Bez autora
Feb 06 2011

Да се скрати постапката за легализација на индустриските објекти, бараат членките на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија. Тие, исто така, предлагаат зградите за колективно домување да се вметнат во предлог-законот за постапување со бесправно изградени објекти. Ќе побараме можност во законот да се вметнат зградите за колективно домување со цел да се овозможи објектите што се закочени поради одредени неправилности да можат да бидат дадени во натамошен промет. Комората има и одредени предлози околу цената што треба да се плати за легализација на индустриските објекти. Според законот, легализацијата на индустриските објекти ќе се плаќа во согласност со правилниците што ги уредуваат општините, односно иста цена како што се плаќа за уредување градежно земјиште.

И фабриките-дивоградби да се легализираатДа се скрати постапката за легализација на индустриските објекти, бараат членките на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија.

Тие, исто така, предлагаат зградите за колективно домување да се вметнат во предлог-законот за постапување со бесправно изградени објекти. „Ќе побараме можност во законот да се вметнат зградите за колективно домување со цел да се овозможи објектите што се закочени поради одредени неправилности да можат да бидат дадени во натамошен промет“, изјави претседателот на Градежната комора при ССК, Сеат Кочан, на вчерашната презентација на предлог-законот.

Комората има и одредени предлози околу цената што треба да се плати за легализација на индустриските објекти. Според законот, легализацијата на индустриските објекти ќе се плаќа во согласност со правилниците што ги уредуваат општините, односно иста цена како што се плаќа за уредување градежно земјиште.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, очекува дека со предложеното законско решение ќе им се даде можност на стопанствениците да ги впишат бесправно изградените индустриски објекти во имотен лист.

Според Јанакиески, кај индустриските објекти најчесто бесправно се изградени доградбите, а ретко има случаи кога цели индустриски објекти се изградени без техничка документација. Процедурата за легализација на стопанските објекти е слична како онаа за индивидуалните куќи, со тоа што за овие објекти ќе се бара елаборат за заштита на животната средина.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik